blank

Глас на Америка ▪ македонски

Вашиот прозорец кон САД

About VOA | Контакт VOA News

  • Понеделник, 22 март 2010
  • Најнови вести

Вести RSS Feeds RSS прилози

Обама на Молитвениот појадок повика да се врати цивилниот тон во американската политика

Споделете со друг:

Американскиот претседател Барак Обама побара враќање на цивилниот тон во американската политика во говорот на традиционалниот Национален молитвен  појадок во Вашингтон.  Тој подвлече дека е важно да се биде отворен за компромис и поинакви гледишта, како и дека е време да се научи „како да не се согласуваме, без да бидеме воинствени“.  На годишниот настан во присуствуваат политички, верски и деловни  лидери од САД, како и дипломати и некои лидери од странство.

Вербата и молитвите може да играат важна улога во надминувањето на разликите што причинија републиканците и демократите да престанат да слушаат што говори другиот, рече Обама.

Претходно, државната секретарка Хилари Клинтон говореше за улогата на вербата кај Хаиќаните во ублажување на страдањата од разурнувачкиот земјотрес.
Луѓе од различни верски убедувања одговорија на повикот за помош на Хаиќаните, кажа Клинтон.

Првата дама Мишел Обама, потпретседателот Џо Бајден и премиерот на Шпанија Луис Родригез Запатеро се меѓу учесниците на Молитвениот појадокот. 

И македонска делегација, во која се наоѓаат и вицепремиерот Васко Наумовски, неколку парламентарци и сопругата на поранешниот претседател Трајковски, Вилма, присуствуваше на настанот.

Видео на денот



Newsflash

Гледајте во Newsflash

ТВ-журнал, секој работен ден

Повеќе

Изјави на неделата

Со нивни зборови

Изјави на неделата

Повеќе

Анкета

Сметате ли дека со засилени безбедносни мерки на аеродромите ќе се намали тероризмот?

Погледнете ги резултатите »

Facebook

Facebook

Дружете се со нас

Повеќе

YouTube

YouTube

Гласот на Америка во подвижни слики

Повеќе

Twitter

Twitter

Светот во 136 букви!

Повеќе

Добредојдовте на нашата страница.

Ја редизајниравме страницата со цел полесно да ги наоѓате содржините на Гласот на Америка. Кажете ни што мислите за промената на: macedonian@voanews.com