blank

Глас на Америка ▪ македонски

Вашиот прозорец кон САД

About VOA | Контакт VOA News

  • Понеделник, 22 март 2010
  • Најнови вести

Вести RSS Feeds RSS прилози

Блер:  САД под „постојана терористичка закана“ од Ал-Каида

Споделете со друг:

Dennis Blair

Главниот американски претставник за разузнавање смета дека САД се соочени со „постојана терористичка закана“ од Ал-Каида и можеби од други организации кои споделуваат иста антизападна идеологија.

Директорот за национално разузнавање Денис Блер во писмена изјава на конгресно сведочење наведува дека и натаму останува терористичката закана за САД, и покрај важниот напредок остварен во текот на изминатите неколку години.  Блер вели дека Ал-Каида и натаму има намера да ја нападне земјата, како и дека претпочита операција од голем обем што би предизвикала масовни жртви или би и` наштетила на американската економија, или пак обете.

Во сведочењето пред Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом, Блер рече и дека зајакнатите контратерористички мерки попречиле или одвратиле одредени терористички заговори, но разузнавањето за клучни детали напади е фрагментирано или нејасно, поради тоа што терористите ги ограничиле на најмал можен број луѓе податоците за операците.

 

Блер вчера на сведочење пред Сенатската комисија за разузнавање кажа дека е извесно дека Ал-Каида ќе се обиде да ги нападне САД во наредните три до шест месеци.

Видео на денот



Newsflash

Гледајте во Newsflash

ТВ-журнал, секој работен ден

Повеќе

Изјави на неделата

Со нивни зборови

Изјави на неделата

Повеќе

Анкета

Сметате ли дека со засилени безбедносни мерки на аеродромите ќе се намали тероризмот?

Погледнете ги резултатите »

Facebook

Facebook

Дружете се со нас

Повеќе

YouTube

YouTube

Гласот на Америка во подвижни слики

Повеќе

Twitter

Twitter

Светот во 136 букви!

Повеќе

Добредојдовте на нашата страница.

Ја редизајниравме страницата со цел полесно да ги наоѓате содржините на Гласот на Америка. Кажете ни што мислите за промената на: macedonian@voanews.com