blank

Глас на Америка ▪ македонски

Вашиот прозорец кон САД

About VOA | Контакт VOA News

  • Понеделник, 22 март 2010
  • Најнови вести

Вести RSS Feeds RSS прилози

Карзаи даде заклетва на функцијата

Споделете со друг:

Хамид Карзаи даде заклетва на почетокот на вториот петгодишен мандат на функцијата претседател на Авганистан, по оспорената победа на изборите засенети од измама.

Церемонијата на инаугурацијата се одржа четвртокот во претседателската палата во Кабул.  

Говорејќи пред странски државници и авганистански видни лица, Карзаи вети дека ќе се справи со корупцијата во владини редови за која кажа дека е „опасен непријател на државата“.

Карзаи е под интензивен притисок на Запад да се спротистави на корупцијата и да го подобри владиниот кредибилитет.  Тој вети дека ќе избере компетентни и стручни министри и дека ќе преземе мерки против оние кои ги пречекоруваат законите и уставот на земјата.

Авганистанскиот претседател најави дека друг приоритет на неговата влада ќе биде авганистанската армија да ја преземе водечката улога за безбедноста од меѓународните сили.  Карзаи изрази надеж дека за пет години, авганистанските сили ќе ги водат сите безбедносни операции.  Тој верува и дека ќе биде надминат „проблемот со меѓународниот тероризам во Авганистан“.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон рече дека почетокот на новиот мандат на Карзаи отвора можност за авганистанските лидери да остварат „нов договор“ со својот народ.

Видео на денот



Newsflash

Гледајте во Newsflash

ТВ-журнал, секој работен ден

Повеќе

Изјави на неделата

Со нивни зборови

Изјави на неделата

Повеќе

Анкета

Сметате ли дека со засилени безбедносни мерки на аеродромите ќе се намали тероризмот?

Погледнете ги резултатите »

Facebook

Facebook

Дружете се со нас

Повеќе

YouTube

YouTube

Гласот на Америка во подвижни слики

Повеќе

Twitter

Twitter

Светот во 136 букви!

Повеќе

Добредојдовте на нашата страница.

Ја редизајниравме страницата со цел полесно да ги наоѓате содржините на Гласот на Америка. Кажете ни што мислите за промената на: macedonian@voanews.com