blank

Глас на Америка ▪ македонски

Вашиот прозорец кон САД

About VOA | Контакт VOA News

  • Недела, 21 март 2010
  • Најнови вести

Вести RSS Feeds RSS прилози

Обама: Иран да докаже дека има мирни нуклеарни цели

Споделете со друг:

Иран ќе се соочи со последици доколку не покаже дека нуклеарната програма е за мирнодопски потреби и транспарентна, рече американскиот претседаtел Барак Обама.  Во изјавата дадена во Пекинг во рамки на азиската турнеја, Обама кажа дека САД и Кина се согласни дека Иран мора да даде гаранции на меѓународната заедница за своите мирољубиви намери.

Кина и САД се во групата шест светски сили која бара договорно решение за иранската нуклеарна програма.

Обама во неделата изјави дека истекува времето за иранскиот одговор на предлогот поддржан од ОН за испорака на ирански ураниум во Русија каде контролирано би се процесирал за цивилните нуклеарни потреби на Иран.

Иранските медиуми го цитираат иранскиот министер за надворешни работи Манучер Мотаки дека Техеран би имал позитивен став кон планот се` додека размената на ураниум се случува внатре во Иран.  Мотаки изјавил дека Иран не е подготвен да испраќа свое нуклеарно гориво надвор од земјата пред да добие гориво за својот нуклеарен реактор во Техеран.

Видео на денот



Newsflash

Гледајте во Newsflash

ТВ-журнал, секој работен ден

Повеќе

Изјави на неделата

Со нивни зборови

Изјави на неделата

Повеќе

Анкета

Сметате ли дека со засилени безбедносни мерки на аеродромите ќе се намали тероризмот?

Погледнете ги резултатите »

Facebook

Facebook

Дружете се со нас

Повеќе

YouTube

YouTube

Гласот на Америка во подвижни слики

Повеќе

Twitter

Twitter

Светот во 136 букви!

Повеќе

Добредојдовте на нашата страница.

Ја редизајниравме страницата со цел полесно да ги наоѓате содржините на Гласот на Америка. Кажете ни што мислите за промената на: macedonian@voanews.com