blank

Глас на Америка ▪ македонски

Вашиот прозорец кон САД

About VOA | Контакт VOA News

  • Петок, 19 март 2010
  • Најнови вести

Вести RSS Feeds RSS прилози

ИАЕА: Иран да даде уште информации за објектот во Ком

Споделете со друг:

Агенцијата на ОН за нуклеарни прашања наведува дека Иран мора да даде дополнителни информации за нуклеарната постројка близу градот Ком, која инспектори на Светската организација ја посетија минатиот месец, откако Иран откри дека таа постои. 

Во извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА), до кој дојдоа неколку медиумски куќи понеделникот, стои дека според показателите, изградбата на објектот започнала во 2002-ра.

Иран го оспорува тоа, тврдејќи дека изградбата започнала пет години подоцна.  ИАЕА, пак, наведува дека без оглед на тоа, фактот дека Иран не го пријавил објектот се` до септември годинава претставува непочитување на обврската што Техеран ја има пред меѓународната заедница.     

Фабриката Фордоу има капацитет да прими околу 3.000 центрифуги за збогатување на ураниум.  Ваквиот вид на ураниум дава гориво што може да се употреби за цивилни потреби, или, доколку е високо збогатен, за нуклеарно оружје.

Иран тврди дека програмата е за мирнодопски потреби, а не за оружје.

Видео на денот



Newsflash

Гледајте во Newsflash

ТВ-журнал, секој работен ден

Повеќе

Изјави на неделата

Со нивни зборови

Изјави на неделата

Повеќе

Анкета

Сметате ли дека со засилени безбедносни мерки на аеродромите ќе се намали тероризмот?

Погледнете ги резултатите »

Facebook

Facebook

Дружете се со нас

Повеќе

YouTube

YouTube

Гласот на Америка во подвижни слики

Повеќе

Twitter

Twitter

Светот во 136 букви!

Повеќе

Добредојдовте на нашата страница.

Ја редизајниравме страницата со цел полесно да ги наоѓате содржините на Гласот на Америка. Кажете ни што мислите за промената на: macedonian@voanews.com