blank

Глас на Америка ▪ македонски

Вашиот прозорец кон САД

About VOA | Контакт VOA News

  • Петок, 19 март 2010
  • Најнови вести

Вести RSS Feeds RSS прилози

Преодната влада на Хондурас се оглушува на  барањата на меѓународната заедница

Споделете со друг:

Затегнатоста на односите се продлабочува меѓу официјалните лица во Хондурас и меѓународната заедница која бара враќање на власта во раце на сменетиот претседател Мануел Зелаја.

Два дена откако армијата на Хондурас го испрати во егзил, претседателот Зелаја доби огромна поддршка во ОН и од Организацијата на американските држави да ја поврати власта во земјата.

Човекот кој во пиџами беше протеран во Костарика доби огромна поддршка од глобалната заедница.

Зелаја се заложи дека ќе го заврши четиригодишниот претседателски мандат, кој истекува во јануари.

Организацијата на американските држави му даде рок од три дена на Хондурас да го врати Зелаја на власт, или во спротивно ќе се соочи со исклучување од организацијата. Генералниот секретар Хозе Мануел Инсулза како и неколкумина јужноамерикански лидери се пријавија да го придружуваат сменетиот лидер на пат до дома. Владите ширум западната хемисфера и повеќето од светот побараа враќање на власта во раце на претседателот Зелаја.

Но, преодната влада во Хондурас се оглушува на повиците и порачува дека Зелаја ќе биде уапсен ако се врати во земјата.

Преодниот претседател Роберто Мичелети тврди дека Зелаја ја злоупотребил власта и инсистирал на одржување референдум со кој би добил право на уште еден мандат. Референдумот беше прогласен за  нелегален од Врховниот суд во земјата.

Изминатите денови имаше демонстрации на двете страни, оние за и оние против Зелаја во Хондурас, една на најмалите и најсиромашни земји во светот.

Независно дали ќе ја има домашната поддршка, преодната влада ќе биде изложена на силен притисок да не и` пркоси на волјата на меѓународната заедница, вели Питер Хаким од вашингтонскиот Центар за меѓуамерикански дијалог: „Хондурас е една од најслабите, најранливи држави во регионот. Тоа е сиромашна земја со слаба економија која е многу зависна од економските врски со САД. Ќе биде тешко да остане имуна на таков меѓународен притисок".

Поранешниот американски помошник државен секретар за прашања од западната хемисфера, Роџер Нориега не е толку сигурен во тоа, истакнувајќи дека претседателот Зелаја е дискредитиран во неговата земја: „Toj се сврти против сите институции, и тие не го сакаат назад. Останува да се види дали Зелаја ќе успее да ја поврати власта. САД и сите други земји може да успеат да му помогнат, но јас се сомневам во тоа. Мислам дека граѓаните на Хондурас веќе донесоа одлука".

Други подвлекуваат дека латиноамерикански нации традиционално не се мешаат во внатрешните работи на соседите. Претседателот Обама ја окарактеризира смената на Зелаја како воен удар и нелегална, сепак, не ја запре американската помош спрема Хондурас.

На неодамнешниот Самит на Јужна и Северна Америка во Тринидад, Обама се заложи за американската соработка и консултации наместо конфронтирање во хемисферата.

Видео на денот



Newsflash

Гледајте во Newsflash

ТВ-журнал, секој работен ден

Повеќе

Изјави на неделата

Со нивни зборови

Изјави на неделата

Повеќе

Анкета

Сметате ли дека со засилени безбедносни мерки на аеродромите ќе се намали тероризмот?

Погледнете ги резултатите »

Facebook

Facebook

Дружете се со нас

Повеќе

YouTube

YouTube

Гласот на Америка во подвижни слики

Повеќе

Twitter

Twitter

Светот во 136 букви!

Повеќе

Добредојдовте на нашата страница.

Ја редизајниравме страницата со цел полесно да ги наоѓате содржините на Гласот на Америка. Кажете ни што мислите за промената на: macedonian@voanews.com