blank

Глас на Америка ▪ македонски

Вашиот прозорец кон САД

About VOA | Контакт VOA News

  • Недела, 21 март 2010
  • Најнови вести

Вести RSS Feeds RSS прилози

За Денот на Земјата Обама објавува нов енергетски план

Споделете со друг:

Американскиот претседател Барак Обама денес во сојузната држава Ајова ќе има порака за Денот на Земјата што ќе содржи план за развој на алтернативна енергија.

Негови соработници од Белата куќа велат дека претседателот ќе зборува за создавање на нови работни места поврзани со заштитата на животната средина, во куса посета на градот Њутон, во Ајова, што страда економски. Тој планира посета на централа за енергија од ветер, како на модел за создавање работни места и производство на чиста енергија што може да ја намали американската зависност од странска нафта.

Претставници на администрацијата ќе имаат слична активност во Вашингтон при сведочењето во Поткомисијата за енергија и трговија на Претставничкиот дом, каде ќе говорат за различни програми за заштита на околината.

Во меѓувреме, министри за животна средина од Групата Осум индустриски држави се среќаваат во Италија на разговори за намалување на штетните гасови за кои научниците велат дека доведуваат до глобално затоплување.

Видео на денот



Newsflash

Гледајте во Newsflash

ТВ-журнал, секој работен ден

Повеќе

Изјави на неделата

Со нивни зборови

Изјави на неделата

Повеќе

Анкета

Сметате ли дека со засилени безбедносни мерки на аеродромите ќе се намали тероризмот?

Погледнете ги резултатите »

Facebook

Facebook

Дружете се со нас

Повеќе

YouTube

YouTube

Гласот на Америка во подвижни слики

Повеќе

Twitter

Twitter

Светот во 136 букви!

Повеќе

Добредојдовте на нашата страница.

Ја редизајниравме страницата со цел полесно да ги наоѓате содржините на Гласот на Америка. Кажете ни што мислите за промената на: macedonian@voanews.com